Тимот на Охрид објави дека сите билети за реванш финалето од ЕХФ Европскиот Куп беа распродадени за само 15 минути.
Тоа значи дека на 31 мај салата „Билјанини Извори“ ќе биде исполнета до последно место, а повеќе од 3.000 навивачи ќе создадат вистински спектакл покрај Охридското Езеро.
Во клубот владее огромна еуфорија пред најважниот натпревар во клупската историја, а охридските ракометари сега имаат јасна задача – да се изборат за што поповолен резултат на гостувањето во Унгарија и потоа, со поддршка од преполната сала, да нападнат историски европски трофеј.
Охрид оваа сезона испишува историја на домашната и европската сцена, а интересот за финалето уште еднаш покажа колку градот живее за ракометот.
Првиот меч меѓу Охрид и Татабања се игра на теренот на унгарскиот тим в недела на 24 мај од 17:00 часот, додека реваншот е на 31 мај од 20:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.

























