Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство ве поканува на „Мадам Батерфлај“ едно од најмоќните дела на Пучини.
Во рамките на 54-тото издание на престижниот меѓународен фестивал „Мајски оперски вечери“ на 20 мај со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини, која важи за едно од најемотивните и најизведуваните дела на светскиот оперски репертоар.
Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, а режијата ја потпишува Александар Текелиев (Бугарија). Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата ја изработи Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.
Во насловната улога, Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај) настапува гостинката од Италија, Доната Д’Анунцио Ломбарди, во улогата на Пинкертон, Хектор Лопез (Мексико), а во улогата на Шарплес – Енрико Маручи (Италија). Во останатите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Исмет Вејсели, Невен Силјановски, Јане Дунимаглоски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамдан и Васко Здравков, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Поддршката на ваквите настани е дел од долгорочна заложба за развој и промоција на културата. Културата и музиката имаат моќ да инспирираат, да обединуваат и да создаваат незаборавни доживувања. Токму затоа Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да поддржува настани кои ја збогатуваат културната сцена и носат вистински вредност за публиката.

























