Денеска во центарот на вниманието ќе биде последниот натпревар од Првата машка лига во Автокоманда.
„Витамините“ имаат меч-топка на домашен терен и со реми или победа над Драчево Јуниор ќе се пласираат во Супер лигата.
На табелата, лидер е Младост Богданци со 45 бодови, додека тимот од Автокоманда има 44 на втората позиција.
Драчево Јуниор е сигурно трет и досега собра 38 бодови, но ако слави може да му направи услуга на тимот од Богданци и да го испрати во елитното друштво.
На домаќинот во Автокоманда му одговара и реми бидејќи има подобар меѓусебен скор со Младост Богданци.
Второпласираната екипа од Првата лига ќе се соочи со екипата на Струга во бараж натпревар за пополнување на Супер лигата.
На македонските терени, од Првата женска лига, шампионот Атлетик гостува кај Шампион од 15:00 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:00 ШАМПИОН – АТЛЕТИК (ПРВА ЖЕНСКА ЛИГА)
18:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ДРАЧЕВО ЈУНИОР (ПРВА МАШКА ЛИГА)

























