Партизан спрема нова „бомба“ – го носи некогашниот ас на Металург и Вардар

Српскиот првак Партизан сериозно го засилува тимот за следната сезона, а една од најголемите желби на „црно-белите“ е враќањето на капитенот на Србија, Мијајло Марсениќ.

Според информациите на „Моцарт Спорт“, интересот меѓу двете страни постои, но конечен договор засега сè уште нема. Новиот тренер Раул Гонзалез во искусниот пивот гледа клучен лидер на амбициозниот проект со кој Партизан сака да игра во Лигата на шампионите.

Марсениќ веќе осум години настапува за германскиот Фуксе Берлин, каде што освои домашни трофеи и титула во Лигата на Европа, а следниот месец ќе има можност повторно да се бори и за европската круна, исто како лани. Во 2017 година под водство на Раул се искачи на тронот.

„Не е тајна дека Партизан би сакал да се вратам, а не е тајна ни дека и јас би сакал. Но, не зависи само од мене и од Партизан. Прво морам да разговарам со мојот клуб и да видиме какви се нивните планови. Потоа, заедно со семејството ќе донесеме одлука што е најдобра за нас“, изјави Марсениќ.

Партизан веќе состави моќен ростер за новата сезона. Во клубот доаѓаат Илија Абутовиќ од Еурофарм Пелистер, Тобијас Вагнер, Милош Кос, Мигел Санчез Мигаљон, Јоав Лумбросо, Владислав Кулеш, како и Миља Паповиќ и Брана Мирковиќ, а најавен е и нов чувар на мрежата.