Ракометната федерација на Македонија објави дека билети за натпреварот меѓу нашата репрезентација и Словачка веќе нема.
СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета до последното место и нашите ракометари ќе имаат голема поддршка.
Македонија славеше со 31-24 во Прешов и со една нога е на Мундијалот во Германија што ќе се игра во 2027 година.
РФМ упати порака до навивачите дека вратите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе се затворат во 18:30 часот.

























