Машката репрезентација на Македонија оствари убедлива победа на гостински терен кај Словачка со 31-24 во првиот меч од третиот бараж за пласман на Мундијалот во Германија наредната година.
Нашата експедиција синоќа веднаш по мечот во Прешов замина со автобус за Кошице, од каде што имаше чартер лет до Скопје и во еден часот после полноќ веќе беше во македонската престолнина.
Селекторот Кирил Лазаров сигурно нема да дозволи опуштање кај своите избраници и покрај капиталот од седум погодоци, па ќе ги држи „на штрек“ пред реваншот со ривалот што знае да биде опасен на гостински терен и ги победуваше во минатите две години Полска, Украина…
Реванш средбата меѓу Словачка и Македонија се игра на 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.























