Арсеновски го води „македонскиот“ Холабрун до опстанок во Австрија

Тимот на Холабрун каде што играат македонските интернационалци Филип Арсеновски и Хари Павлов, а каде тренер е Влатко Митков, успешно игра во плеј-аутот во австрискиот шампионат.

Во групата со Тирол, Брегенец и Грац, Холабрун веќе запиша две победи и сигурно чекори кон опстанок во елитната конкуренција.

По триумфот над Грац дома со 23-21, тимот на Митков славеше и на гостински терен кај Брегенц со 34-33.

Во отсуство на повредениот Павлов, пикерот Арсеновски беше меѓу најдобрите со пет гола, а некогашните играчи на Охрид, Гал Цирар и Рудолф Сафранко комбинираа уште пет погодоци.

___________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________