Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 23. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 23. коло има по една ракометарка од Aстибо, Ѓорче Петров и Чаир.
За ѕвезда на колото може да гласате до понеделник до 12:00 часот.
Супер женска лига, 23. коло, резултати:
ВАРДАР – ЧАИР 24-30
АСТИБО – КУМАНОВО 36-25
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПЕЛИСТЕР 34-10
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – СПАРТАК 0-10 сл.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 23. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Марија Анчева (Астибо) – Искусната ракометарка постигна 11 погодоци во важниот триумф над Куманово.
Марија Јовановска (Ѓорче Петров) – Голманката беше меѓу најдобрите поединци во победата над Пелистер.
Габриела Величковска (Чаир) – Искусниот лев бек го водеше Чаир до победа на гостувањето кај Вардар.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























