ЅВЕЗДА НА 22. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА – МИЛА ТРАЈКОВИЌ (ЧАИР)

Левото крило на екипата на Чаир, Мила Трајковиќ, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 22. коло во Супер женската лига.

Таа имаше одлична партија на мечот против Пелистер и беше меѓу најдобрите стрелци против битолчанки.

Трајковиќ го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 62% од гласовите на читателите на 24Ракомет.

Во конкуренција за ѕвезда на 22. коло беа уште и членките на Спартак и Ѓорче Петров, Емилијана Ризоска и Анастасија Николовска.