Атлетик испиша историја – во новата сезона ќе биде суперлигаш!

На пет кола до крајот на Првата лига, тимот на Атлетик и математички го потврди своето место во суперлигашката конкуренција.

Во првата година од своето постоење, клубот што стигна и до четвртфиналето на Купот на Македонија, досега запиша 19 победи на 19 меча.

Атлетик сега на првото место има 38 бодови, 12 повеќе од второпласираниот Ѓорче Петров 2, кој има и меч помалку, а дури и да победи се до крајот, а девојките на Хмирова да ги загубат, Атлетик ќе биде прв поради подобриот меѓусебен скор.

Последниот триумф беше над Деспина со 39-26, а и овој меч наликуваше на сите оние што Атлетик ги играше досега во сезоната.

Решен победник уште по првиот дел, а одлично функционираше битолската врска во скопскиот состав – Дамјановска даде шест, а Босилковска пет голови. Кај прилепскиот тим, Христоска беше стрелец на осум погодоци.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________