Марјан Начевски ќе биде делегат на Ф4 во Лигата на Европа!

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите на завршниот тунир во Лигата на Европа кај дамите.

Претставник од Македонија ќе биде Марјан Начевски, кој ќе биде делегат на второто полуфинале меѓу домаќинот – францускиот Дижон и унгарскиот Естергом.

Тој меч е закажан за 16 мај од 18:00 часот, а претходно во првото полуфинале ќе играат германскиот Турингер и данскиот Виборг.

Начевски ќе биде делегат и на финалниот ден, но подоцна ќе биде познато дали тоа ќе биде на мечот за бронза или на мечот за злато.

Натпреварите од завршниот турнир од Лигата на Европа ќе се одиграат во „Палатата на спортовите“ во францускиот Дижон на 16 и 17 мај.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________