Одредени цените на билети за „дербито за титула“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Вардар за два дена ќе игра два важни натпревари, а едниот може да им донесе титула. Се работи за мечот со Еурофарм Пелистер кој е закажан за 7 мај во Скопје. Тој дуел може да им ја донесе титулата на „црвено-црните“ и теоретски, бидејќи со најмалку бод ќе имаа недостижна предност на четири кола до крај на првенството.

Претходно во вторник вардарци го играат реванш мечот со Монпелје од четвртфиналето на Лига Европа, кој ќе биде „невозможна мисија“ за македонскиот тим бидејќи ќе брка негатива од десет гола. Не е невозможно, но многу тешко изводливо.

Натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер од 7. коло на плејофото ќе се одигра во четврток на 07.05.2026 година, со почеток од 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“.
Продажбата на билетите ќе се одвива онлајн преку продажната мрежа на www.ticketx.com.mk –
https://ticketx.com.mk/events/vardar-pelister2
како и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ секој работен ден од 10 до 18 часот.

Цените на билетите се следните:
Блок A2, A3, A5, A6 – 350 ден
Блок A1, A4, G, 4, 5, 7, 12, 13, 14, 15 – 300 ден
Блок A, 1, 2, 3, 8, 11, 16 – 250 ден

Во објавата за билетите, клубот домаќин потенцира дека сакаат да освојат најмалку бод.

 

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________