Голманката на екипата на Вардар, Андреа Илиќ, го доби признанието за најкорисна ракометарка, односно ѕвезда на 21. коло во Супер женската лига.
Таа имаше одлична партија на мечот против Астибо и беше меѓу клучните ракометарки за победата, откако запиша дури 17 одбрани.
Илиќ го освои првото место откако во анкетата, откако доби околу 80% од гласовите на читателите на 24Ракомет.
Во конкуренција за ѕвезда на 21. коло беа уште и членките на Куманово и Ѓорче Петров, Ангела Шехтанска и Стефанија Ѓорѓиевска.


























