ТРИ ЅВЕЗДИ НА 22. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 22. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 22. коло има по една ракометарка од Спартак, Ѓорче Петров и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до понеделник до 12:00 часот.

Супер женска лига, 22. коло, резултати:

ЧАИР – ПЕЛИСТЕР 32-23
СПАРТАК – АСТИБО 35-33
КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 24-43
ВАРДАР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 10-0 сл.

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 22. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Анастасија Николовска - Спартак
71.43%
Мила Трајковиќ - Чаир
23.81%
Емилијана Ризоска - Ѓорче Петров
4.76%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 22. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Анастасија Николовска (Спартак) – Искусното лево крило постигна девет погодоци во важниот триумф над штипски Астибо.

Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка заедно со Ѓорѓиевска беа најдобри стрелци против Куманово.

Мила Трајковиќ (Чаир) – Левото крило во составот на Басри Љатифи беше меѓу лидерите во триумфот над Пелистер.

 

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________