Ракометарите на Охрид ги чека најважниот натпревар во сезоната – на гости доаѓа словенечкиот Целје во реваншот од полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Десниот бек Томислав Јагуриновски смета дека Целје е одличен тим, но дека Охрид мора да го искористи домашниот терен.
„Ова европско полуфинале има големо значење за Охрид. Целје има одличен тим. Сепак, ние играме на домашен терен и ќе го дадеме нашиот максимум“, изјави бекот на охриѓани.
Натпреварот меѓу Охрид и Целје се игра в сабота на 2 мај во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.
























