Тимот на Сур Арау, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, обезбеди опстанок во швајцарската елитна конкуренција.
Сур Арау ја доби финалната серија од разигрувањето за опстанок против Стафа со 3-2 во победи.
По 2-2 во победи, Арау ја играше мајсторката на домашен терен и славеше со 34-32, а Поповски беше најдобар стрелец на теренот.
Tој постигна девет погодоци во противничката мрежа и беше меѓу најзаслужните за победата.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























