Македонскиот првак Еурофарм Пелистер објави дека од наредната сезона во првиот тим ќе се приклучи десното крило Ненад Белистојаноски.
Младиот прилепчанец се обврза на договор на две сезони и ќе остане во битолскот клуб најмалку до 2028 година.
Тој долго време настапува во втората екипа на битолчани, а сега ќе има можност да го покаже својот квалитет и во првиот тим.
„Нашиот проект да имплементираме квалитетни млади ракометари кон сениорскиот тим продолжува. Како и минатите сезони, така и оваа, промовираме ракометари од развојниот Еурофарм Пелистер 2 во тимот кој се бори за титули – Еурофарм Пелистер. Младинското репрезентативно крило, Ненад Белистојаноски, од сезоната 2026/27 ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Тој се обврза на договор до јуни 2028 година со шампионот на Македонија и со раширани раце го чекаме на јулските подготовки. 21-годишното десно крило е родено во Прилеп, но целосно се изгради како ракометар во Битола, ги прескокна сите скалила и дојде пред вратите на сениорскиот тим, веруваме во иднина и во националната репрезентација“, се вели во објавата на клубот.
Претходно битолчани ги промовираа десниот бек Мартин Серафимов и средниот бек Миха Котар.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























