Ракометарите на Вардар загубија на гостувањето кај францускиот Монпелје со 33-23 во првиот четвртфинален дуел од Лигата на Европа и ќе имаат тешка задача во битката за Ф4 во Хамбург.
Левото крило Жуниор Тузолана доби црвен картон, но вели дека Вардар на реваншот ќе го покаже своето вистинско лице.
„Многу сме разочарани. Не дојдовме за ваков резултат. Го следевме планот во првото полувреме, но во второто лошо влеговме. Моето исклучување дополнително го отежна мечот, бидејќи немавме голема ротација. Најважно е да веруваме и да го покажеме вистинското лице во реваншот. Ќе продолжиме да се бориме“, изјави Тузолана.
Вардарци нема да играат ниту еден натпревар меѓу двете средби со Монпелје, а следен предизвик ќе им биде дербито со Еурофарм Пелистер, на кој можат да ја потврдат шампионската титула.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























