Машката кадетска репрезентација на Македонија го освои златото на СП во училишен ракомет по триумфот над Израел со 38-32.
Македонија запиша шест победи на шест меча во Скопје, а селекторот Горан Кузманоски по финалето ги сподели своите импресии.
„Очекувавме да освоиме злато, но треба да се знае дека одигравме 12 натпревари во 15 дена, затоа што претхоно се играше Медитеранското првенство. Имавме и болни играчи, повреди…и се виде малку заморот дека не стигна на крајот на финалето. Генерално сум задоволен, затоа што и претходно кажав дека ова е златна генерација. Иако ни фалат шест-седум играчи, имаме широк ростер од 25 играчи и заслужено донесовме злато во ракометот на репрезентативно ниво. Благодарност до РФМ што ни даде одлични услови, ни даде поддршка да играме турнири и пријателски натпревари. Сите мои момци си ја сфатија сериозно работата и заслужија да освојат злато. Ова злато ќе ни значи многу за самодовербата пред ЕП каде што сме во најтешката група со Словенија, Шведска и Франција. Ќе одиме со самодоверба и без предавање, па плус со оние останати играчи што ќе ни се приклучат, ќе имаме време да се подготвиме и се надевам на добар пласман“, изјави Кузманоски.
Следен предизвик за кадетите ќе бидат подготовките во јули за настапот на Европското првенство во Србија.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























