Прилепчани на максимум, петта победа по ред во плејаутот

Продолжува побендичката серија на Прилеп во плејаут, со петтиот триумф по ред во плејаутот, а шести по ред сезонава. Во Прилеп „падна“ Еурофарм Пелистер 2 кој замина дома со пораз од 26-29. За Еурофарм Пелистер ова е трет пораз во плејаутот.

Последен пат Прилеп го победи Еурофарм Пелистер 2 во јуни 2024 година. Сега Прилеп има 30 бода на табелата, пет повеќе од Еурофарм Пелистер 2 во плејаутот. Ништо не решаваат ови емечеви, но покажуваат кој тим е подготвен за в година да бие битка и за плејофото.

Од самиот почеток гостите поведоа, домашните израмнуваа, а од 17 минута кога беше 9-9 следуваше серија на битолчани со која направија предност од 12-9, а потоа и 13-10.

Во 23 минута Баптисе доби директен црвен карѕтон, па гостите осбен што мораа да играт две минути без играч, го немаа во продолжението и бекот кој знаеше да шутира и да биде прецизен. Во тие моменти Еурофарм Пелистер 2 водеше со 13-10, и за четири минути домашните направија целосен пресврт. Поведоа со 14-13, а еден гол предност остана и на полувреме за Прилеп, кој замина во соблекувалната со водство 15-14.

Како што го завршија првиот дел, така продолжија во во вторите 30 минути домашните. Ја зголемија предноста на два гола, Шабановиќ прв погоди за „плус 3“ и водство 19-16, а потоа и Димитриоски од пенал погоди за нова „тројка“, 20-17.

Гостите играа доста конфузно, а одбраната на Прилеп ги затвораше сите приоди. Една одбранета топка од Иван Ангелески заврши на спротивната страна какогол, па и голманот на домашните се впиша во листата на стрелците, и Прилеп водеше со 21-17. Највисоката предност домашните ј аимаа во 44 минута кога Димитриоски од контра погоди за 24-18.

Изгледаше како мечот да е решен, но така не мислеа гостите. За пет минути се вратиј аво игра и дојдоа до негатива од 24-23. Немаа сили за целосен пресврт, па Прилеп пак „избега“на 26-23. Повеќе сила имаа прилепчани кои во последните пет минути од мечот имаа предност од 28-24.

До крај само рутински го задржаа водството, и победија со 29-26. Димитар Димитриоски до 8 гола и Денис Шабановиќ со 7 бе анајпрецизни кај домашните, а голманот Иван Ангелески имаше успешни одбрани.
Кај гостите Мохамед Азис и Славчо Шулески дадоа по 5 гола.