По Дино Славиќ и Доминик Мате, Мартин Карапалевски е третото засилување за амбициозниот Охрид за наредната сезона.
Како што неодамна најави 24Ракомет, македонскиот репрезентативец потпиша со охриѓани на две сезони и ќе остане покрај езерото најмалку до 2028.
Карапалевски игра на позицијата среден бек, има 26 години и ќе ја зголеми бројката на македонски репрезентативци кај „гладијаторите“.
По настапите во Вардар Јуниор и Вардар, тој се пресели во 2024 година во Асобал лига, каде со успех го носи дресот на Ваљадолид.

























