ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се разгорува битката за опстанок – возбудувања во Прилеп, Куманово и Струга

На македонските терени денеска ќе има пет натпревари – три од суперлигашкиот плеј-аут кај мажите, но и две средби од Првата женска лига.

Дербито ќе биде во Прилеп, каде што гостува второпласираниот тим на Еурофарм Пелистер 2, кој со триумф може да фати приклучок за првото место, а ако слават прилепчани ќе отидат далеку напред.

Ќе има интересен натпревар и во Куманово, каде ќе гостува Пролет, а домашните досега се без пораз на четири меча од суперлигашкиот плеј-аут.

Струга го пречекува Радовиш и со триумф ќе може да ја продолжи борбата за избегнување на баражот за опстанок.

На табелата води Прилеп со 28 бодови, Еурофарм Пелистер 2 има 25, Пролет е трет со 19, а Куманово кој нема пораз во битките за опстанок има 13. На претпоследното место е Струга со седум бода, додека Радовиш е последен без бодови.

Во Првата женска лига, Ѓорче Петров 2 ја пречекува Јехона, додека Стружанка ќе игра на домашен терен против Шампион.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:30 СТРУГА – РАДОВИШ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 КУМАНОВО – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – ЈЕХОНА (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА)
20:00 СТРУЖАНКА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)