Селекциите на Данска, Норвешка, Романија и Унгарија се пласираа на завршниот турнир во ЕХФ Евро Купот.
Двете скандинавски селекции забележаа убедливи победи – Данска над Турција со 39-22 и Норвешка над Словачка со 38-19.
Данска и Норвешка имаат шест победи на шест меча и од првите места во групите 1 и 2 ги чекаа ривалите во полуфиналето.
Таму ќе играат Романија и Унгарија, кои во решавачките дуели славеа против Полска со 38-34 и над Чешка со 30-21.
Полуфиналните дуели Данска – Романија и Норвешка – Унгарија ќе се играат во септември 2026 година, а победниците ќе се борат за трофејот.

























