Тимот на Битигхајм, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, ја продолжи серијата без пораз на седум меча.
Битигхајм славеше на гостувањето кај Баер Дормаген со 36-34, откако во финишот Томовски одбрани две клучни топки.
Беше 33-33 на пет минути до крајот, но тогаш на сцена стапи македонскиот чувар на мрежата, кој мечот го заврши со девет интервенции, од кои две кога се решаваше победникот.
Сега Битигхајм е на врвот на табелата со 45 бодови, пред Балинген со 44 бодови, а на седум кола до крајот на сезоната е на добар пат да се врати во елитната германска конкуренција.
Во следното коло Битигхајм и Томовски ќе играат дома со Крефелд.









