Тимот на Македонија Ѓорче Петров прослави висок триумф над Шампион со 48-24 во натпревар од 21 коло во прволигашката конкуренција.
Беше 4-4 по десетина минути, пред гостите да дадат пет гола во серија за 9-4 и да ги решат сите дилеми околу победникот.
До паузата избраниците на Оливер Димитриоски отидоа на плус 12, 20-8, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Бучуковски и Ѓероски со по осум гола, додека кај Шампион, Атанасовски и Јовчевски стрелаа по шест пати.
На табелата, Македонија Ѓорче Петров има 25 бодови на петтото место, додека Шампион остана на два бода на претпоследното место.

























