По поразот во минатото коло во Автокоманда, ракометарите на Младост Богданци им се вратија на победите во прволигашката конкуренција.
Избраниците на Горан Андоновски славеа на гостувањето кај Јехона со 40-28, откако и на полувремето водеа со 19-14.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа искусните Зоран Стојановски со десет и Лазар Адамовиќ со девет погодоци. Во составот на Јехона се истакна Адис Салиу со 11 гола.
На табелата, Младост Богданци е на делба на првото место со „витамините“ од Автокоманда со по 36 бодови.

























