Ѓорче Петров 2 ја продолжува трката за суперлигашки бараж!

Ракометарките на Ѓорче Петров 2 славеа на гостувањето кај Шампион со убедливи 31 гол разлика, 38-7.

Атлетик е далеку пред сите на табелата со 34 бодови, додека на делба на второто место со по 24 бодови се Ѓорче Петров 2 и Овче Поле СУ.

Натпреварот од 20 коло во прволигашката конкуренција беше решен уште на стартот кога по 3-2 за гостинките во 6 минута, Шампион не погоди ниту еднаш до крајот на првиот дел.

„Лавиците“ за тоа време погодуваа дури 18 пати и обезбедија 20-2 на паузата, а второто полувреме беше само формално одработување на задачата.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Јана Бошковска со осум и Марија Димоска со шест погодоци, додека кај Шампион сите седум гола ги дадоа различни ракометарки.