Кадетките на Вардар ја одбранија титула во шампионатот на Македонија, откако имаат недостижна предност на врвот на табелата на три кола до крајот.
Избраничките на Даниела Новеска славеа на гостински терен кај Стружанка со 45-20 и имаат максимален биланс досега – седум победи на седум меча.
Мила Ристовска со осум и Мила Николовска со седум погодоци беа лидери кај стрелците на Вардар, а Еџе Сејадин даде девет гола за Стружанка.
Вардарки имаат 14 бода на првото место, додека второпласираната Деспина има осум и два меча за играње, но и да победи нема да ги престигне „црвено-црните“.
Вардар има за играње само уште еден меч, иако има уште три кола, на домашен терен претстојниот викенд против Овче Поле СУ, па тогаш ќе им биде доделена титулата.
























