Фуксе Берлин ќе биде пречка на Еурофарм Пелистер на патот до Келн!

Тимот на Фуксе Берлин ќе биде ривалот на Еурофарм Пелистер во финалето на квалификацискиот турнир во Пореч.

„Лисиците“, кои од клупата ги води Боб Ханинг, го совладаа хрватскиот Загреб со убедливи 50-29 и закажаа битка со пелистерци.

Битолчани ќе треба да обрнат најмногу внимание на Лео Новак, кој даде седум гола против Загреб, а по шест пати погодија средниот и десниот бек Таунтехам и Блажек.

Финалето на квалификацискиот турнир во Пореч и мечот што ќе го даде патникот на завршниот турнир во Келн се игра утре во салата „Жатика“ од 16:30 часот.