Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, на седницата на УО на РФМ предложи награда од два милиони денари за машката сениорска репрезентација за настапот на Европското првенство.
Предлогот беше едногласно усвоен, откако избраниците на селекторот Кирил Лазаров го освоија 14. место на континенталниот шампионат.
Членовите на УО го поздравија напредокот на националниот тим и работата што ја врши Лазаров со актуелниот состав на Македонија.
Иако првично беше предвидено премија од милион денари за триумфот над Романија, сепак ракометарите ќе добијат уште милион денари за ремито со Португалија.
























