Денеска од 19:00 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе го пречека најголемиот ривал Вардар, кој во моментов е лидер на табелата со 44 бодови.
Битолчани имаат 40 на второто место, па со триумф над „црвено-црните“ ќе се доближат до Вардар на два бода негатива, а битката за титулата ќе се разгори уште повеќе.
Стевче Алушовски не смета на Домен Тајник, кој имаше операција на слепо црево, како и на Давид Брестовац, Цветан Кузманоски, Мирче Калајџиески, додека Иван Чупиќ се реши да ги изостави голманите Мигел Еспиња, Марко Богдановски, а ги нема ниту Мигел Пинто, Кристијан Стаменковиќ, Харуки Кавада и Марек Марчињак.
Вардарци досега во сезонава загубија само во Кристијанштад, Лисабон и Битола, но играат во одлична форма и доаѓаат во Битола по триумфот кај Мелсунген. Пелистерци иако беа елиминирани од ЛШ, одиграа три одлични натпревари, се пласираа и на Ф4 во Купот на Македонија, па подготвени влегуваат во тешка битка.
Еурофарм Пелистер: Никола Митревски, Дејан Манасков, Анжеј Видомски, Самоил Ристевски, Рудолф Хекбарт, Никола Граховац, Ник Хенигман, Богдан Радивојевиќ, Филип Кузмановски, Илија Абутовиќ, Сеид Хеидарирад, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Усама Хосни, Алем Хаџиќ, Павле Атанасијевиќ
Вардар: Марио Стојановски, Вукашин Воркапиќ, Николас Боно, Гоце Георгиевски, Махамаду Кеита, Урош Митровиќ, Марио Танкоски, Милан Лазаревски, Жуниор Тузолана, Дмитро Горига, Милош Валах, Кристијан Анастасовски, Жоао Педро Да Силва, Јака Малус, Виктор Јанковски, Васил Гогов

























