Ракометарите на Еурофарм Пелистер се првите учесници на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Битолчани го совладаа Прилеп во финалниот натпревар од групата Г со 30-28 и ќе се борат за трофејот во Купот во април.
Жилавите прилепчани парираа одлично на подобриот ривал, дури и водеа во неколку наврати но на крајот сепак пелистерци се патниците на Ф4.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Андреј Видомски и Петар Атанасијевиќ со по шест гола, а меѓу стативите Давид Брестовац запиша осум одбрани.
Во составот на Прилеп се истакнаа Денис Шабановиќ со седум и Владан Кастратовиќ со пет погодоци.
Куп на Македонија, мажи:
група А (Скопје, СЦ Јане Сандански)
7/3, 12:30, Бутел Скопје – Вардар
7/3, 14:30, Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 2
финале, 7/3, 19:30
група Б (Скопје, спортска сала Автокоманда)
7/3, 13:30, Пролет – Македонија Ѓорче Петров
7/3, 11:00, Радовиш – Алкалоид
финале, 7/3, 19:30
група В (Охрид, СРЦ Билјанини извори)
6/3, 18:00, Тиквеш – Охрид
8/3, 13:00, Куманово – Младост Богданци
финале, 8/3, 18:00
група Г (Битола, спортска сала Боро Чурлевски)
Прилеп – Драчево Јуниор 41-34
Струга – Еурофарм Пелистер 19-44
финале, 6/3, 16:00, Еурофарм Пелистер – Прилеп

























