Во Битола ќе се слават уште титули – продолжува „ракометната платформа“

Денеска во салата „Боро Чурлевски“ беше официјализиран третиот потпис за продолжувањето на соработката за продолжување на „платформата за ракометна Битола“.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски и сопственикот на компанијата Еурофарм, Зоран Стерјев, ставија потписи на договорите, а навивачите може да бидат среќни.

„Најракометниот град има причина за ново задоволство. Ни претставува чест да го официјализираме продолжувањето на договорот за „Пларформата за ракометна Битола“. Акционерите, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес го потпишаа договорот за продолжување на соработката. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на клубот и на компанијата Еурофарм, Зоран Стерјев во автентичен сегмент во спортската сала „Боро Чурлевски“ ставија потпис на третиот договор во рамките на оваа платформа. Со оглед на тоа што стариот договор е на истек со завршувањето на оваа сезона, акционерите обезбедија сигурна иднина, стабилен буџет и компетитивен тим“, се вели во соопштението на клубот од Битола.

Еурофарм Пелистер е шампион на Македонија три пати во серија, а армијата навивачи на битолскиот клуб посакува ново славје оваа сезона.