Тимот на „витамините“ од Автокоманда забележа нова победа во прволигашката конкуренција и му „дише во врат“ на лидерот Младост Богданци.
Момците на Миле Бочкаровски победија на гостински терен кај составот на Аеродром со 44-32 и сега имаат ист број бодови како Младост – 28, но и меч повеќе.
Бековите од Охрид и Струга, Јулијан Матески и Немања Џигероски, беа предводници во убедливата победа и постигнаа по 14 голови.
Во составот на Аеродром се истакнаа Никола Иванов со шест и Бојан Божиновски со четири погодоци.
Во следното коло Аеродром ќе гостува кај Преспа во Ресен, додека „витамините“ ќе го пречекаат Кичево.

























