🎥 Проблем за Бутел – се повреди Узунчев!

Бутел освен што загуби од Охрид, што беше и „планирано“, има и дополнителен проблем бидејќи мечот не го заврши Димитар Узунчев кој се повреди. Тој на раце беше изнесен од соиграчите, а и по мечот мораше да има помош за движење.

Домашните загубија со 22-28 од Охрид, а ова е почеток на разигрувањето за титулата. Бутел нема шанси да се вмеша во трката бидејќи застанува повеќе од 20 бодови. Но, Узунчев е еден од клучните играчи на домашниот тим.

По средбата сите ракометари на Охрид заминаа на клупата на Бутел да му посакаат побрзо оздравување на Димитар. Првичните информации се дека нема сериозни повреди, но сигурно е дека ќе мора да се направат дополнителни прегледи за да се утврди дали и колку ќе треба да паузира бекот на Бутел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)

Во разигрувањето ќе се решава за место кое води во европските купови, бидејќи освен првите четири екипи, постои можност и петтопласираниот тим да добие место во некој европски куп.