Блесок на Трајков, Пролет се враќа со цел плен од кај Еурофарм Пелистер 2

Тимот на Пролет предводен од голманот Марко Трајков, како и Андреј Стојановски и Никола Стоилевски, славеше на тешкото гостување кај Еурофарм Пелистер 2 со 23-21.

Сега Пролет има 15 бодови на третото место во плеј-аутот групата и многу веројатно ќе ги остави Куманово и Струга во меѓусебен двобој да решаваат која екипа ќе игра бараж.

Скопјани водеа со пет гола во првиот дел, 12-7, на паузата момците на Мајнов имаа плус три, 14-11, а домаќините се заканија во повеќе наврати во второто полувреме.

Намалија битолчани на минус еден ден во последните десетина минути, но немаа ниту една прилика да се изборат за реми. Тоа што Пролет ќе погрешеше во нападот, го поправаше голманот Трајков и на крајот гостите прославија триумф со 23-21.

Покрај голманот Трајков, кај Пролет се истакнаа Стоилевски со осум и Стојановски со седум гола, додека кај домашниот тим, голманот Јовановски имаше 15 интервенции, а меѓу стрелците најдобар беше Азиз со пет гола.