Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска играат важен натпревар на гостински терен против данскиот ГОГ Гудме.
Пелистерци мора да слават за да ги продолжат надежите за место во осминафиналето на Лигата на шампионите.
ГОГ Гудме е шест со осум бода, додека Еурофарм Пелистер има четири бода на седмата позиција.
Во меѓусебната традиција двата тима досега имаат одиграно пет меча, а три победи има данскиот претставник.
Битолчани минатата сезона триумфираа во Данска кај Фредериција, па нема зошто и сега тоа да не биде случај, иако ГОГ Гудме игра во одлична форма.
Покрај пресметката на ГОГ и Еурофарм Пелистер, денеска во Лигата на шампионите има уште две средби во Унгарија и Норвешка.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ГОГ ГУДМЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ВЕСПРЕМ – ДИНАМО БУКУРЕШТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 КОЛСТАД – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
























