Стојановиќ и Иваноски редат победи во Словенија – десниот бек во идеалниот тим на колото!

Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е македонскиот стратег Раде Стојановиќ, а игра Михаил Иваноски, запиша четврта победа по ред.

Во словенечката Прва лига, Ајдовшчина славеше убедливо на домашен терен против составот на Добова со 33-22.

Ајдовшчина е на втората позиција со 27 бодови, зад лидерот Копер со 28, а следното коло го игра на гости кај МРК Љубљана.

Македонскиот десен бек постигна седум гола со кои беше најдобар стрелец и заслужено се најде во идеалниот тим на колото во изборот на „Handballia“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Handballia (@handballia)