Тимот на Макаби Димона, каде што игра македонскиот интернационалец Христи Бикоски, запиша триумф во Втората лига на Израел.
Макаби Димона, предводен од Бикоски славеше победа против тимот на Макаби Петах Тиква со 42-36.
Прилепчанецот успеа да постигне седум погодоци во противничката мрежа и беше меѓу најдобрите играчи на теренот.
Макаби Димона е во трка за пласман во елитата, се наоѓа на третото место со 22 бода, зад Хапоел Арад со 24 и Кирјат Моцкин со 27 бодови.

























