Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде дуелот на Еурофарм Пелистер во Битола против Висла Плоцк.
Полскиот првак минатата сезона си замина со пораз од „Боро Чурлевски“, а навивачите на Еурофарм Пелистер посакуваат да се повтори тоа и сезонава.
Стевче Алушовски по подолго време се враќа во најелитната европска конкуренција на меч што е од круцијално значење за неговиот тим.
Пелистерци се на седмото место со четири бода, зад ПСЖ и ГОГ Гудме со по осум бодови, а ако слави против Висла Плоцк ќе се приклучат во битката за осминафинале.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк ќе се игра вечерва со почеток од 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ДИНАМО БУКУРЕШТ – ФУКСЕ БЕРЛИН (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 КЕЛЦЕ – ВЕСПРЕМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 НАНТ – СПОРТИНГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)

























