Седлоска без грешка, Локомотива Загреб без мака до победа

Тимот на Локомотива Загреб каде што игра македонската репрезентативка Андреа Седлоска, запиша нов триумф во хрватскиот шампионат.

Локомотива Загреб славеше на гостински терен кај Кока со 42-25 во натпревар од 16 коло, откако и на паузата водеше со 21-13.

Седлоска беше меѓу најдобрите поединки на овој дуел и успеа да постигне пет гола од пет обиди во противничката мрежа.

Локомотива Загреб сега има 30 бода на првото место, пред Подравка со 28, но големиот ривал има два меча помалку.