МВП НА 20. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – НАУМ КОСТОВ (СТРУГА)

Десното крило на Струга, Наум Костов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 20. коло од Супер машката лига.

Костов беше меѓу најдобрите поединци на гостинскиот натпревар против Пролет и меѓу најзаслужните за ремито.

Тој освои 53% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Никола Шипинкоски, кој освои 28% од гласовите.

Номинирани за МВП на 20. коло од Супер машката лига беа уште и Марко Кизиќ, Џанфранко Прибетиќ, Давор Палевски, Јака Малус и Филип Кузмановски.