„Витамините“ од Автокоманда постигнаа 46 погодоци против Шампион

„Витамините“ од Автокоманда запишаа нов прволигашки триумф и продолжуваат да му „дишат во врат“ на лидерот Младост Богданци.

Момците на Миле Бочкаровски стигнаа до убедлива победа кај Шампион со 46-22 во натпреварот од 14 коло.

Дарјан Ѓокески даде девет гола, а Јован Петрески стрелаше осум пати на мечот, додека Давид Јовчевски беше најдобар кај Шампион со седум погодоци.

„Витамините“ имаат 26 бодови на второто место на табелата, додека Шампион остана на два бода на претпоследното место.