Европската ракометна федерација ги објави составите на Охрид и Дукла Прага за првата пресметка од осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп.
Тренерот на „гладијаторите“, Борис Ројевиќ, за овој натпревар ќе може да смета практично на најсилниот ростер.
Тој ги има на располагање Иванковиќ, Ѓукиќ, Пилиповиќ, Ојлески, Петриќ, Борозан…а во комбинација не се Ристески, Трајчески, Ѓорѓески, Кукуловски, Kрстевски…како и повредениот Јотиќ.
Дукла Прага ќе биде без најдобриот стрелец на тимот – левиот бек Јозеф Јонас, кој скина лигаменти и нема да игра до крајот на сезоната.
Натпреварот меѓу Охрид и Дукла Прага се игра вечерва во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 18:00 часот.


























