Иако се споменуваше норвешкиот голман Торнбјорн Бергеруд како наследник на Дејан Милосављев во Фуксе Берлин, сепак негов наследник ќе биде шведскиот голман Андреас Паличка.
Тој на лето ќе се пресели во шампионот на Германија, но претходните шест месеци ќе ги мине во тимот на Вецлар.
Поради финансиските проблеми на норвешкиот Колстад, Паличка порано од предвиденото замина од овој клуб, каде што беше најскапо платен играч и се врати во Бундес лигата.
Швеѓанецот бранеше за Рајн Некар и Кил, па Вецлар и Фуксе Берлин, ќе бидат третиот и четвртиот бундеслигашки тим во неговата кариера.

























