Лазаров: Мора да бидеме сериозни без разлика против кој ривал ќе играме

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Украина и Словачка во баражот за Светското првенство во Германија.

Првите реакции од нашиот табор беа реални и оптимистични. Селекторот Кирил Лазаров повика на претпазливост и сериозен пристап, баз разлика против кој ривал ќе играме.

„Треба да бидеме задоволни од ждрепката. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на добар пат да обезбедиме ново учество на голем настан и да ја продолжиме традицијата на успеси. Мораме да бидеме сериозни и професионално да се однесуваме. Имаме максимална почит кон националните тимови на Украина и на Словачка. Наскоро ќе дознаеме и точно против која репрезентацијата ќе играме, но ние мора уште од сега треба да направиме добар план и подготвени да ги дочекаме тие два натпревари во мај“, изјави Лазаров за „kl7.mk“.

Двомечот ќе се игра на 1/14 и 16/17 мај 2026 година. Победникот по двата меча ќе се пласира на Светското првенство, а Македонија ќе бие битка за 8 настап на Мундијал по ред, а вкупно 10 во својата историја.

Еве кои селекции стојат на патот на Македонија до СП 2027!

Ждрепката се повтори: Македонија дома ќе може да слави евентуален пласман на СП!