Левиот бек на Вардар, Дмитро Горига, доби македонски пасош и ќе може да настапува за нашата репрезентација.
Македонија го доби во баражот за СП 2027, го доби победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка, па доколку тоа биде Украина, лесно може да се случи Горига да дебитира против „своите“.
Тој во мај ќе го исполни првиот услов на ИХФ за настап за Македонија – три години пауза од последниот репрезентативен настап за Украина (30 април 2023) но има и втор услов – три години престој во Македонија што ќе се случи во јули 2027, па од светската куќа на ракометот ќе зависи дали ќе може да дебитира во мај.
Натпреварите меѓу Украина и Словачка се во периодот од 16 до 22 март, додека двомечот меѓу Македонија и победникот од тој двомеч ќе се играа на 13/14 мај, односно 16/17 мај.
























