Денеска во Хернинг беше извршена ждрепката за третиот бараж за Мундијалот во 2027 што ќе се одржи во Германија.
Покрај дуелот на Македонија против Украина или Словачка, беа формирани уште девет парови.
Србија, која е голем фаворит во вториот бараж против Литванија, ќе се соочи со Унгарија во последната пречка пред СП.
Освен овој двобој, кој важи за најинтересен, возбудувања треба да има на дуелите меѓу Словенија и Црна Гора (Финска), Австрија и Полска (Летонија), Швајцарија и Италија…
Првите натпревари ќе се играат на 13/14 мај, додека реваншите се на програмата на 16/17 мај.
Бараж за СП 2027, парови:
Македонија – Украина/Словачка
Чешка – Франција
Швајцарија – Италија
Финска/Црна Гора – Словенија
Србија/Литванија – Унгарија
Шпанија – Грузија/Израел
Грција/Белгија – Холандија
Босна и Херцеговина/Косово – Фарски Острови
Норвешка – Турција/Романија
Австрија – Полска/Летонија

























