Машката репрезентација на Македонија ги дозна потенцијалните ривали во бараж пресметката за пласман на Светското првенство во Германија.
Избраниците на Кирил Лазаров ќе се борат против победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка.
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 13/14 мај, додека реваншот ќе се одигра на 16/17 мај на теренот на победникот од двомечот на можните ривали.
Победникот од дуелот меѓу Македонија и Украина/Словачка ќе обезбеди место на Мундијалот наредната година, каде ќа има место за најмалку 16 европски селекции.
Maкедонија дебитираше на СП 1999 во Египет, а најдобар пласман досега во досегашние девет учества на Мундијалите е 9 место на СП 2015 во Катар.























