„Господ ни даде сила да се победиме со голот на брат ми“

Македонија ја победи Романија со 24-23 во третата рунда од Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Победничкиот гол беше дело на Ненад Костески, а поискусниот негов брат Никола, го коментираше мечот.

„Ние бевме подготвени да го добиеме мечот и да бркамме гол-разлика, но не одеше баш по планот. Се обидовме неколку пати да поведеме со шест разлика, но потоа падна предноста и ривалот се враќаше. Успеавме да победиме на крајот. Голот на мојот брат беше како дар, Господ ни даде сила да се радуваме на оваа победа. Португалија нема да дозволи убедлив пораз, но ние ќе навиваме, се е можно, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Костески.

Ако не се случи чудо, Данска и Португалија од нашата група ќе одат во главната рунда.